Најславниот рудар, симбол на работник во СФРЈ – можел да добие од Тито се, а побарал само лопата (Видео)


Пред 23 години на 13 мај полинал еден од најпознатите рударите во поранешна СФРЈ, Алија Сиротановиќ. По што е толку познат? Нрговиот лик се наоѓаше на банкнотата од 20.000 динари во време на стара Југославија. Тоа е човекот кому Тито му нудеше се што сака – а тој побарал само поголема лопата.

340875_alija-02_ffНа 24 јули 1949 година го соборил светскиот рекорд во копање јаглен, за осум часа ископал 152 тони (253 колички) и со тоа го соборил дотогашниот рекорд на Русинот Алексеј Стаханов од 50 тони. Јамата во која бил срушен рекордот била позната како „Ровот на војводата Путник“.

340865_smederevo-02-akcijasi-iz-5republika-se-skupljaju-u-smederevskoj-tvrdjavi-foto-nenad-pavlovic-_fЈосип Броз Тито бил изненаден од неговата скромност кога можел да побара што сака тој побарал само поголема лопата. И ја добил, била направена специјално за него и била наречена „сиротановиќка“.

Така Сиротановиќ станал жива легенда и симбол на заложбата на работничката класа, идеолошкиот `рбет на режимот. Тој бил одликуван со Орденот на јунак на социјалистичкиот труд.

Банкнотата од 20.000 динари со неговиот лик е пуштена во оптек во 1987, а повлечена за време на монетарната реформа на Анте Марковиќ.

Една мала улица на периферијата на градот Бреза, во чија близина се наоѓа неговото село Трториќи, каде што бил роден во 1914 година, го носи името Алија Сиротановиќ, а во кругот на рудникот во кој работел стои неговата биста.

Групата „Забрањено пушење“ му ја посвети и песната „Срце, руке и лопата“.

Сиротановиќ умрел во 76-тата година од животот во сиромаштија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1