„Најсреќниот човек на светот“ откри што го прави несреќен


Научниците од Универзитетот во Висконсин титулата на „најсреќниот човек на светот“ му ја доделија на 70-годишниот монах по низа експерименти во рамките на 12-годишната студија за медитација.monah1

Скенирањата на мозокот покажале дека во текот на медитацијата за сочувство се менуваат мозочните активности на Рикар.

Утврдено е дека деловите на мозокот на Рикар, задолжени за свест, внимание, учење и паметење во тој момент произведуваат ниво на гама бранови кои досега никогаш не е забележан во научната литература.

Прекумерната активност во префронталниот кортекс на левата половина на мозокот исто така укажува на абнормалниот капацитет за чувство на среќа, пишува „Индепендент“.

Сепак, зборувајќи за магазинот „Џеј Кју“, Рикар открил една важна работа.

– Споредувањето со другите е многу штетно. Споредувањето е убиец на среќата – рекол Рикар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1