Мислејќи дека Флоренс Детлор е најстарата корисничка на Фејсбук во светот управителите на компанијата ја повикале во своето седиште во Калифорнија каде се запознала со Марк Цукерберг.
Веста преку медиумите допрела до публиката ширум светот вклучувајќи го и американецот Мајк Латур. Знаејќи дека неговата баба Ли Стерн (102) користи Фејсбук Латур реагирал неговата баба да биде прогласена за најстарата корисничка на Фејсбук.
Всушност на профилот на Ли Стерн стоел погрешен датум на раѓање па затоа управителите на Фејсбук мислеле дека е помлада од тоа што всушност е. Наместо својот датум на раѓање (24.08.1910) бабата по грешка го навела датумот на раѓање на својот покоен брат (18.08.1913).
Мајк Латур во телевизијата Ен Би Си која прва ја објавила приказната за Флоренс Детлор, доставил копија од патната исправа на својата баба која докажува дека сепак таа е најстарата корисничка на Фејсбук. Ли Стерн е активна на оваа социјална мрежа најмалку 3 години. Не сака да остава статуси но затоа обожава да коментира на фотографии на членовите од семејството и пријателите.
На прашањето на американските новинари како се чувствува како најстар корисник на Фејсбук бабата одговорила: Искрено би сакала да сум најмладиот!