Чаир провоцира – сепак ги прекрсти училиштата – таблите поставени


Иако надлежните децидно упатија порака дека менувањето на имињата на училиштата и поставувањето табли е незаконско, денеска 4 училишта во Чаир осамнаа со нови табли, со албански имиња.

„Цветан Димов“ стана „Хасан Приштина“, „Рајко Жинзифов“ „Исмаил Ќемали“, „Јане Сандански“ – „Јашар бег“, а „Никола Вапцаров“  „Имри Елези“.

Од општина Чаир изјавиле дека ќе ја преземаат одговорноста иако промената е без одобрение од Министерството за образование.

државниот просветен инспекторат веќе излегле на терен ја утврдуваат состојбата, јави Канал 5.

Прекрстување и поставување табли со нови имиња во  Чаир е незаконски и доколку го сторат тоа ќе мора да интервенира полицијата, изјави вечра директорот на Инспекторатот за локална самоуправа Ванчо Шехтански.

Ако училиштата во Чаир сами си стават албански имиња – полиција ќе им ги симне таблите

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1