Ако училиштата во Чаир сами си стават албански имиња – полиција ќе им ги симне таблите


Прекрстување и поставување табли со нови имиња во  Чаир е незаконски и доколку го сторат тоа ќе мора да интервенира полицијата, вели директорот на Инспекторатот за локална самоуправа Ванчо Шехтански.

 По најавата дека општина Чаир има намера новата школска година да започне во преименувани 4 училишта децидна реакција и од министерството за образование.

,,нема донесено одлука за преименување на училиштата. Доколку тоа се стори без одобрение на МОН инспекторите ќе излезат на терен, а за вакви прекршувања предвидена е и казна за училиштето од 2.000 евра, а за одговорното лице до 800 евра.

Општина Чаир најави дека ќе ги промени имињата на училиштата од „Цветан Димов“ во „Хасан Приштина“, „Рајко Жинзифов“ да се вика „Исмаил Ќемали“, „Јане Сандански“ – „Јашар бег“, а „Никола Вапцаров“  „Имри Елези“.

Доколку тоа се случи надлежните ќе бараат да реагира и полицијата и таблите ќе бидат отстранети.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1