Најстарата жена во светот го прослави 116-от роденден


Најстарата жена на светот, Јапонката Мисао Окава денеска го прославува својот 116. роденден со нејзиното омилено суши.

1614172_719356631418029_1174660959_oОкава, која живее во Домот за стари и изнемоштени лица во Осака, ја посети градоначалникот, Такехиро Огура.

Мисао Окава родена е на 5 март 1898 година. Се омажила во 1919 година и има три деца, две ќерки и син. Има четири внуци и шест правнуци.

Минатата година доби признание и сертификат од Гинисовата книга за рекорди дека е најстара жена во светот.

Меѓутоа, еден официјален кинески сајт, тврди дека на крајниот западен дел на Кинга, живее жена која има 127 години.

Јапонија има најголем број лица на возраст над 100 години во светот, официјално повеќе од 51.000. Повеќе од 87 отсто од нив се жени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1