Штипскиот бизнисмен оставил проштално писмо – Барам разбирање од сопругата и ќерките


На градските гробишта во Штип беше погребан познатиот штипски бизнисмен, поранешниот советник и доскорешен претседател на ФК Брегалница Горан Даскалов (48), кој претходниот ден беше најден мртов со прострелна рана, во неговата викендичка во излетничката населба Суитлак во Штип.

4D111E176CCD794EA15591FCA73CD155ВЕСТ дознава дека покрај мртвото тело на Даскалов било пронајдено писмо. Во писмото според Вест бизнисменот барал разбирање за сопругата и ќерките

За смртта на Даскалов деновиве во Штип се плетат разни приказни за мотивите за овој случај.  Повеќе може да прочитате на следниот линк

Телото го нашла 19 год ќерка – прошталното писмо ќе открие зошто се самоуби бизнисменот од Штип?
Самоубиство или? Штипскиот бизнисмен имал сериозни финансиски проблеми

Основното јавно обвинителство-Штип и СВР-Штип се уште немаат официјални податоци и анализи од обдукцијата, но и анализи од парафинска ракавица за смртта на познатиот штипски бизнисмен Горан Даскалов, кој вчера беше пронајден мртов во неговата викендичка во населбата „Суитлак.

Од обвинителството велат дека истрагата е во тек и се додека не се добијат анализите од вештачењето на доказниот материјал не можат да кажат дали случајот со Даскалов е самоубиство или убиство.

Според нив првите официјални информации треба да ги имаат во текот на утрешниот ден кога и очекуваат да пристигнат анализите од вештачењето на доказите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1