Најстрога казна, без можност за помилување – бара таткото на Тијана


Семејството на убиената Тијана размислуваат да најмат адвокат кој би им помогнал, убиецот на нивната ќерка да добие најголема казна, пренесува српски Блиц.

tijana tata-Само 40 години без помилување за Драган Ѓуриќ, секоја друга казна е неприфатлива за нас. Не сакам ни да помислам дека може да биде поинаку -рече таткото на Тијана

Тој додаде дека кога времето ќе му дозволи ќе основа фондација за исчезнати деца.

– Разговараме со луѓето за „Законот на Тијана“ според кој кога ќе се пријави исчезнато дете, нема да се чека законскиот рок од 48 часа, туку веднаш да се реагира и потрагата да биде таква каква што треба да биде.

Дури и ако детето самоволно замине, најважно е да го најдат што поскоро. По се што се случи сакам да ја променам свеста во нашето општество. Можеби од оваа страшна трагедија може да произлезе нешто добро – изјави тој за српски „Блиц“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1