Најсветото христијанско место го чуваат 2 муслимани – тие го имаат клучот од гробот на Исус (Видео)


Секој христијанин знае дека најсветите места на христијанството се наоѓаат во Ерусалим а, најсветото од сите е црквата на Светиот Гроб, која била изградена во 325 година, над местото каде што се верува дека Исус бил распнат, погребан и воскреснат од мртвите. Сепак малкумина знаат дека муслимани се тие кои што ги чуваат, односно отвораат и затвораат вратите на најсветото во христијанстовото.

Adeeb-Joudeh-with-the-Key-of-the-Church-of-the-Holy-Sepulchre-1-629x417Всушност двајца муслимани, еден од Јоудех фамилијата и еден маж од Нусејбех семејството, две Ерусалимски и Палестински кланови кои се чувари на влезот на Светиот гроб уште од 12 век.

 Секое утро во 04:30 Адееб Јоудехс патува од неговиот стан надвор од ѕидините на Стариот град, за да го донесе леаниот железен клуч за црквата, исто како што тоа го правел неговиот татко пред него и неговите претци пред нив.
Откако ќе го донесе 12 инчниот клуч, околу 30 сантиметри долгиот железен клин, му го доверува на Вајеех Нусеибех, кој чука на портата за да ги повика свештениците и верниците кои ја минале цела ноќ внатре во храмот, молејќи се од внатрешноста на црквата.

Нусеубех преку дрвена скала се прекачува преку прозор за да го отклучи горниот дел од огромната врата.
Потоа Вајеех ја отклучува долната порта, пред повторно да му го врати клучот назад на Јоудехс. Ритуалот се анулира секоја вечер во 07:30, откако стотици туристи и аџии ја напуштаат црквата. За време на празниците, како што се Света Недела, која кулминира со неделата кога се слави христијанскиот Велигден, елаборатот и отворањето и затворањето се одвива неколку пати на ден.

Зошто елобаратен ритуал? Како што често се случува во Ерусалим, Светиот Град на неколку народи и религии, постојат различни верзии за да се објасни зошто двете муслимански семејства ја добија довербата за да го чуваат клучот за најсветото место во христијанството.

54192-a-general-view-of-the-church-of-holy-sepulchre-during-a-holy„По муслиманското освојување во 637 година, калифот Омар му гарантирал на Архиепископот Софрониј, дека христијанските места за богослужба ќе бидат заштитени и на тој начин му ја доверил ваквата служба на Нусејбех, семејство кое потекнува од Медина, а кое имал односи и со пророкот Мухамед“, вели Нусејбех, пензиониран 63 годишен електричар.

„Тоа се случило во 1187 година, откако Саладин му ставил крај на Крстоносното Кралство Ерусалим. Тој го избрал нашето семејство повторно да се грижи за мир меѓу различните Источни и Западни христијански конфесии, кои биле во расчекор околу контролата на Гробот“, изјавил Нусејбех со блага насмевка, седејќи до неговиот син Обадах.

На овој ден Католиците, Грчките, Ерменските, Сиријските и Етиопските ортодокси монаси, повеќе пати посегнале со својата тупаница за да ја одбранат својата респективна деноминација и привилегии во црквата, како што е дефинирано во декретот од страна на Отоманската империја, познат како статус кво во 1853 година.

Church of the Holy Sepuchre - Coptic Chapel - Jerusalem, Old City - 360°Ваквите тепачки меѓу свештенството го докажуваат предведението на Саладин пред 1000 години, кога султанот ја запечатил втората предна порта на црквата, а за останатите влезови им ја предал контрола на неутрални чувари.
Нусејбех тврди дека Јоудехс семејството, во оваа приказна влегуваат во 16 век, откако отоманските Турци ја имале контролата на Палестина и одлучиле да им наплаќаат на секое второ семејство со одговорноста да го чуваат клучот.
„Да, ние ја делиме одговорноста со Јоудех, а понекогаш и се караме, како што се случува во секоја фамилија“, вели Нусејбех.

Секој Велики четврток уште од крајот на 19 век, двете муслимански семејства го предаваат клучот од Светиот Гроб на локалните францискански калуѓери, онолку долго колку што е потребно за да отидат во црква во поворка и да ја отворат вратата по утринските лутургии. Кога тие ќе бидат завршени, калуѓерите го враќаат клучот на семејствата.

muslim gatekeeperОваа церемонија, се повторува со грчките и ерменските заедници, на православниот Велики петок и сабота соодветно.
„Токму сега, во моите раце го имам клучот на срцето на христијанството. Ова е многу важен момент за нас“, вели свештеникот Артемио Виторес, шпански францискански свештеник, кој е чувар на светата земја, во текот на Велики четврток.
„Со векови на Христијанските верници, им бил одбиен влезот во црквата, или морале да плаќаат огромни суми на пари за да се помолат на гробот на Исус“, вели тој.

Виторес, бил нападнат од една страна од Вајеех Нусеибех и неговиот син Обадах и уште двајца братучеди, кои биле компензирани со калуѓерите за нивните услуги со симболична сума од 60 долари. На другата страна биле семејството на Адееб Јоудех, со неговиот 19 годишен син Џавад.
Околу 20 минути Јоудех ја презема контролата на единствениот постоечки клуч за Светиот Гроб. Постоел уште еден клуч кој се скршил одамна и повеќе не се користи. Клучот се чува во мала канцеларија во црквата и се чува од страна на вработените на семејството Јоудех.

„Чест ми е што овој клуч кој беше предаден од страна на Саладин на моите претходници, да го чувам и што имам можност да бидат еден од чуварите на најсветите христијански места“, вели Јоудех.
Тој инсистирал преку својот смартфон, да ги покаже 165 официјални декрети кои ја потврдуваат улогата на семејството на Јоудех, како чувар на имотот на црквата низ вековите.

295_1256717151adeeb„Мојот поредок на кој му беше доверена улогата на чувар на клучот е висока ценета личност, која не извршуваше никаква физичка работа, како на пример качувањето по скали за да ја отвори портата. Затоа семејството Нусеибех беа повикани да ја извршат оваа должност. За жал тие се чувствуваат посрамотено што се сметаат за чувари на портата“, вели Јоудех.
На крајот на процесијата, клучот беше поздравен од страна на вселените верници кои чекаат пред црквата.
За неколку моменти сите зјапале во свеченото отворање на портата и чекаа што побрзо да мине церемонијата за да влезат внатре.

Неколку минути подоцна Јоудех со неговиот син си замина дома. Тие ќе се вратат повторно да ја отклучат портата на Светиот Гроб. Двајца Муслимани кои доаѓаат во мир и го носат клучот на срцето на христијанството.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1