Во авионската несреќа која се случи во Колумбија каде загинаа 71 лице, а меѓу нив речиси цел фудбалски тим на Чапокоензе, животот го загуби и 22 годишниот фудбалер Тијагињо.
Играчот за врска само неколку дена пред трагедијата дознал дека ќе стане татко, а соиграчите му приредиле изненадување додека биле во карантин. Фудбалерот бил пресреќен од веста дека неговата 18 годишна девојка е бремена.
За жал, само неколку дена подоцна Тијагињо го загуби животот.