Постои мето во светот каде што звук едноствано не постои. Таканаречената лабораторија „без звук“ е дел од нанотехнолошкиот институт на ИБМ во Цирих.
„Просториите до таа мерка го придушуваат звукот што ако го навалите увото на ѕидот, центарот за рамнотежа во средното уво се пореметува, чувствувате вртоглавица и почнувате да повраќате“, објаснува творецот на просторијата д-р Емануел Лерчер.
Лабораториите кои не пропуштаат звук им се неопходни на вработените во ИБМ за работа во областа на нанотехнологијата, технологија со најситни физички честички. Нанопроизводите се толку ситни така што звучните вибрации може да ги дувнат и да ја отежнат работата со нив.
Во светот без звук ИБМ произведува најразлични работи – од компјутерски чипови до најмалиот филм во светот во кој „главни актери“ се атомите.










