facebook-like-butonКопчето „сочувствувам“ би можело да биде алтернатива за популарниот лајк – ми се допаѓа бидејќи постојат ситуации кога не е примерно да се кликне лајк.
Копчето било осмислено пред извесно време како интерен проект.

Кога корисникот при пишувањето на статусот ќе избере некое од негативните чувства од листата на Фејсбук, опцијата лајк ќе се претвори во сочувство.
Ако некој објави дека е тажен поради нешто, неговите пријатели ќе можат да покажат сочувство со него.

Се уште нема конкретно прецизирано кога би можело да биде активирана опцијата.