Туристичкиот портал HolidayCheck и австрискиот весник “Курир” составија црна листа на хотели со најлоши тоалети и најмногу валкани соби. Повеќето од нив се наоѓаат во региони на туристички бум.
Хотелот со две ѕвездички “Easy Palace Station Hotel “во Минхен се најде на листата поради честите поплаки од ужасните санитарните услови и нередовнотот чистење. Гостите се жалеле на дамките по ѕидовите, но и на траги од престојот на претходните жители, од што може да се заклучи дека персоналот не чисти и не пере редовно. Гостите дури наоѓале и остатоци од храна на садовите. Единствена предност на хотелот е близината до централната железничка станица и центарот на Минхен, но многу гости ги иритирала и бучавата.
Не малку поплаки имало и за хотелите по турската ривиера. Во хотелот “Royal Side Bungalows“ според лицата кои се пожалиле на порталот HolidayCheck, мирисало ужасно и постојано течела вода во тоалетите. Хотелот “Aparthotel Medusa“ е со три ѕвезди, но под туш може да добиеш струен удар, вака изјавиле незадоволните туристи. Двата хотели се наоѓаат во градот Сид.
Во “Hotel Climent“ во Ел Арена на шпанскиот остров Мајорка е валкано, а тоалетната е толку мала, што е невозможно да се затвори вратата. Во грчкиот “Kalogria Beach – Annex Christina“ на островот Пелопонез има ‘рѓосани цевки, мувла и непријатен мирис.
Посетителите на туристичкиот портал исто така се незадоволни од Италијанците. Гостите од хотелот “Romantic“ на езерото Гарда, се жалеле на влага, мувла и валкани чинии.
Во римскиот хотел „Quisisana“ пак, кадите кородирале а ѕидовите биле полни со дамки.