Најзагадено езеро на свет, еден час на плажа и мртов си


Eзерото Карачај во југозападниот руски регион Chelyabinsk е едно од најзагадените места на планетата. Служел како отпадно место на една од најголемите руски фабрики за производство на нуклеарно оружје.

” Производниот комбинат Мајак ”, е едно од најголемите и најнебезбедните нуклеарни објекти во Русија, сите инциденти и хаварии придонесеоа да езерото и неговата околина бидат загадени со нуклеарен отпад.

” Мајак ” е изграден во четириесеттите години, била една од најважните советски фабрики за нуклеарно оружје, цели 45 години недостапна за странците.

Западните научници пристап во оваа област добиле откако претседателот Елцин во 1992 година потпишал декрет за нејзино отварање. Набрзо после тоа, оваа област ја прогласиле за најзагадена област на планетата.

Нуклеарниот отпад го фрлале во река

нуклеарните инженери во ” Мајак ” не се двоумеле и радиоактивниот отпад го испуштале во реката. Реката била полна со наталожени бавнораспаѓачки радиоактивни стронциум-90, цезиум-137.  во регионот на Chelyabinsk заболувањето од рак се зголемил за 21%, бројот на новороденчиња со аномалии на 25%, а бројот на заболени од леукемија се зглемил за 41%. Меѓутоа, лекарите во дијагнозата не смееле да ја споменуват радијацијата, туку заболувањето го дијагностицирале како ”специјална болест”.

Во денешно време, големи делови од областа Chelyabinsk сеуште не се погодни за живот, а контаминацијата на езерото сеуште не е ставена под контрола, меѓутоа во него во моментов има повеќе бетон отколку што има вода.

Извор – weather4all

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1