Сонце наутро – дожд навечер, а ќе врне и цел викенд


Во Македонија по студеното утро, во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност.

Во попладневните часови потполно наоблачување кое во вечерните часови и во текот на ноќта ке донесе врнежи од дожд во северозападните, западните и северните предели. Ке дува засилен југоисточен и југозападен ветар. Утринските температури ке се движат од 3°C до 13°C, а максималните дневни ке се движат од 19°C до 27°C.

Во Скопје претпладне ке биде претежно сончево со локална облачност, попладне наоблачување кое во вечерните часови ке донесе врнежи од дожд. Ке дува засилен југоисточен ветар. Утринската температура од 9°C, а максималната дневна ке достигне до 25 °C .

Во сабота во Македонија ке биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Ке дува слаб југоисточен, а во западните предели засилен југозападен ветар. Утринските температури ке се движат од 6°C до 16°C, а максималните дневни ке достигнат до 17°C односно до 25°C.

Во недела во утринските часови врнежите ке престануваат и во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ке дува доумерен ветар со променлив правец, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветар. Утринските температури од 7°C до 16°C, а максималните дневни температури ке се движат од 19°C до 27°C.

weather4all

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1