Најзагаденото место на планетата: Ова руско езеро ќе ве убие после само 1 час поминат на брегот!


Ако сте во потрага по локација покрај езеро каде што цените се навистина пристапни, тогаш најверојатно ќе можете за најмалку пари да најдете вила на брегот на прекрасното езеро Карачај во Русија, и притоа ќе ви остане и кусур.

Меѓутоа, во 1990-тите доволни било само едночасовно стоење на брегот на ова езеро за да бидете контаминирани со доза од околу 600 рендгени. А тоа е сосема доволно за да ве убие.ezero22
Езерото Карачај, кое се наоѓа во југозападниот регион на Русија, Чељабинск, во близина на границата со Казахстан, е лоцирано во близина на Производственото здружение “Мајак”, еден од најголемите и најшупливи нуклеарни објекти. Токму ова езеро е најзагаденото место на планетатa. Но, ова ни малку не нè чуди ако се има предвид дека ова езеро служи како склaдиште за отпадоци на една од најголемите руски фабрики за производство на нуклеарно оружје.

Изграден во четириесеттите години откако Советите го преместиле производството на оружје кон исток со цел да ја избегнат нацистичката инвазија, “Мајак” претставувала една од најважните фабрики за нуклеарно оружје која цели 45 години била целосно недостапна за странците. Дури откако претседателот Борис Јелцин потпишал декрет во 1992-рата година, со што ја отворил областа за научниците од Западот, тие добиле пристап и веднаш го прогласиле местото за најзагадено на планетата Земја.
smrtonosnoto-ezero-karacaj-01
За времето во кое фабриката работела во тајност, нуклеарните инженери во “Мајак” биле принудени да се борат со низа хаварии на нуклеарните реактори, а радиоактивните елементи ги фрлале во река. Реката е спирала на овој коктел на радиоактивни елементи, меѓу кои и бавнораспаѓачките производи на нуклеарната фисија, како што се стронциум-90, цезиум-137, кои имаат време на полураспаѓање во период од 30 години.

Кога постоењето на овој објект било конечно признато и објавено, регионот Чељабинск имал зголемување на заболувањата од рак за дури 21 отсто, зголемување на дефектите кај новороденчињата од 25 отсто и 41 отсто пораст на леукемијата. Но, бидејќи постоела забрана за спомнување на радијацијата во медицинските извештаи, докторите ги лечеле болните од таканаречена “специјална болест”, а извештаите биле запечатени сѐ до 1992-рата година.smrtonosnoto-ezero-karacaj-02

Во средината на 50-тите било решено да се престане со фрлање на нуклеарниот отпад во реките и езерата и наместо тоа да се складира во резервоари. Но во 1957-та година, поради пожар, тие експлодирале со сила еквивалентна на 85 тони ТНТ, исфрлајќи 70 тони радиоактивни материи речиси километар и пол кон небото. Облакот со радиоактивна прашина се раширил на повеќе од 13.000 квадратни километра и прекрил регион во кој живееле речиси 270.000 советски граѓани.

Поради уништувањето на нивниот систем за складирање на отпадот, властите решиле да го насочат радиоактивното ѓубре кон езерото Карачај, во кое, поради тоа што немало реки кои истекуваат од него, тоа требало засекогаш да остане скриено од јавноста. Ова впрочем функционирало сосема одлично полни десет години, сѐ додека целиот регион не бил погоден од страшна суша. Тогаш и езерото Карачај почнало постепено да се суши, откривајќи ги радиоактивните елементи во својот базен.

Денес, огромен дел од Чељабинск останува ненаселив како резултат на загаденоста на реките, експлозијата од 1957-мата година и сушата од 1967-мата година. Површината на езерото Карачај сега се состои повеќе од бетон отколку од вода, но сепак загадувањето сѐ уште не е намалено на некое побезбедно ниво.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1