Нов доказ на ФБИ: Америка знаела дека Хитлер ја преживеал Втората светска војна


Неодамна пронајдените документи во ФБИ докажуваат дека американската влада знаела дека Хитлер е жив и здрав, и дека живеел во Аргентина уште многу години после Втората Светска војна.

Адолф Хитлер се самоубил на 30 април 1945 година во својот бункер. Неговото тело подоцна е пронајдено и идентификувано од страна на Русите.hitler-pozdrav3

Доколку може да им се верува на новооткриените документи на ФБИ, можно е најомразениот човек во историјата да побегнал од со војната уништена Германија и мирно да живеел во Аргентина. Она што уште повеќе вчудоневидува е фактот дека ФБИ знаел дека Хитлер живее на Андиде.

Во писмото кое стигнало во Лос Анџелес во 1945 година, анонимен доушник договорил размена на информации доколку му се овозможи политички азил. Она што тој го раскажал, ги вчудоневидил агентите.

Доушникот не само што тврдел дека Хитлер е во Аргентина, туку бил и еден од четворицата кои ја пресретнале таинствената подморница. Според неговата приказна, две подморници пристигнале до аргентинскиот брег, а Хитлер и Ева Бhitler-eva

Аргентинската влада не само што го дочекала поранешниот диктатор, туку му помогнала и во криењето.

И покрај сите информации, ФБИ никогаш не ги истражил новите траги. Дури и поморскиот аташе во Буенос Аирес го известил Вашинтон дека постои голема можност Хитлер и Евра Браун да пристигнале во Аргентина.

Можеби и најцврстиот доказ дека Хитлер го преживеал падот на Третиот Рајх лежи во Русија. После советската окупација на Германија, остатоците на диктаторот брзо биле скриени и испратени во Русија, и никогаш повеќе не се видени.

Се до 2009 година, кога на археологот Николас Белатониј му е дозволено да направи ДНК-тест. Примероците на Хитлер воопшто не се сложувале со постоечките, исто како и оние на Ева Браун.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1