Налеала течност за стакло во резервоарот за масло и го уништила моторот


Французинка ставила течност за миење стакло во отворот за масло и го уништила моторот на својот автомобил Мини.

Автомеханичарите останале вчудоневидени кога жената што од кај нив купила течност за стакло, се вратила десет минута подоцна жалејќи се дека од нејзиното возило излегува син чад.

Таа го погрешила резервоарот, па ја истурила течноста во отворот за масло.

– Купи течност за миење стакло и си отиде од нашата работилница. По десетина минути, се врати и рече дека автомобилот испушта син чад – објави еден од механичарите на својот Фејсбук, додавајќи дека за моторот немало спас.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1