Намалено ДДВ за пелени, цуцли, школска опрема


На владина седница беше донесена одлука за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18 отсто на 5 отсто за добиточната храна, живиот добиток, бебешките производи и училишниот прибор, информираше  премиерот, Никола Груевски.

1065902-beba-krema-profimedia-rsДДВ ќе се намали за бебешко креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени. Што се однесува, пак, до училишниот прибор, од 18% на 5% ќе се намали ДДВ-то за торба, ранец, тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линеар, шестар, пластелин, острилка, гума и коректор.

Измените треба да стапат на сила откако ќе се формира Парламентот и откако пратениците ќе ги аминуваат. Како што рече Груевски, тоа се очекува на крајот на мај или почетокот на јуни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1