Премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска во Владата го презентираа планот за намалување на трошоците на граѓаните наметнати од извршителите и нотарите.
– За сметки за парно до 15.000 денари ќе се исклучат трошоците за адвокати, на пример, при постапка од извршители. Извршниот налог од 20 евра сега ќе биде 2 евра. Вкупно се ревидираат 16 ставки од тарифникот на извршителите, од кои некои се намалуваат за 50 отсто, а некои и повеќе од 50 отсто. Наградите се намалени, платни налози за трошоци нема да може да бидат повисоки од 20 отсто од вкупниот долг. Во прашање се илјадници семејства и загрижени граѓани – рече Заев.
И пратеникот Зекири веста ја објави на фејс – напиша
Зборот е збор!!!
Извршителите нема повеќе да наплаќаат енормно високи суми од граѓаните!!!
Денес Владата ја усвои реформата на законската рамка за намалување на трошоците за извршување, реформа која ја најавивме и која ја правиме по претходна консултација со сите засегнати, со лица од различни професии, со лица должници и со оние кои се доверители.
Односно, Владата усвои предлог за измени на Законот за извршување и Законот за нотаријат кои ќе намалат тарифите на нотарите и извршителите.
Намалувања на трошоците за граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци ќе има и во постапките пред нотарите и во постапките пред извршителите.
Во постапките пред нотарите овие граѓани ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност, а нотарската награда ќе биде 10% од главниот долг, но не повеќе од 500 денари.
Тоа значи ако долгот е 1000 денари, надоместокот за нотар ќе биде 100 денари. Ако долгот е 10 000 денари, надоместокот нема да биде 1000 денари, туку 500 денари.