Наместо луксузен стан во Скопје со исти пари купете си цело село со се винарија (Видео)


Цените на луксузните станови во Скопје не се симнуваат под 1.500 евра за квадратен метар. Ако сте подготвени за голема инвестиција во недвижнини, еве ви предлог: наместо да купите два такви стана во зачаденото Скопје, купете си цело село во Шпанија и ќе ви остане кусур

Биз лајф пренесува дека за да го поттикнат развојот на земјата и на економијата која е лоша, шпанските власти и тамошните банки преземале необичен потег – нудат на продажба цели села по неверојатно ниски цени. Едно од селата ставено на барабан е Есбладa, кое од Барселона е оддалечено нешто повеќе од еден час возење.selo
Ова село може да се купи за нешто повеќе од 280 илјади евра. Ако го купите, ќе станете газда на винарница, црква и 14 куќи кои се напуштени повеќе од 60 години. Селото има само еден жител, винарот Рамон Мартин, кој се надева дека ќе се најде купувач кој ќе го врати животот во него. Луѓето кои некогаш живееле во Есбладa или се отселиле, или починале, па селото сега е сопственост на банките, кои сакаат да го продадат.
Необично примамливи понуди како оваа во ова време на економска криза може да се најдат и на други места во светот. На Сицилија, на пример, може да се купи куќа за едно евро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1