Австралиската актерка Наоми Вотс (43) пристигна во Загреб каде што ќе почне со снимање на филмот „Фатени во лет“.
Таа во филмот ќе ги глуми последните две години од животот на покојната принцеза од Велс, Дајана која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година. Во фокусот на филмот, кој ќе се снима на повеќе локации во Хрватска не е љубовта меѓу Дајана и човекот кој почина со неа-Доди Ал Фаед, туку нејзината афера со познат хирург – 53 годишниот Хаснат Кан.