Фирмата што ја гради олимписката кула во Лондон користи железо од рудник каде се фрлале босански жртви


Групата наречена „Чувари на Омарска“ во која членуваат преживеани затвореници од српскиот концентрационен логор кај Приједор, најави дека во понеделник ќе побара олимписката кула во Лондон, која во чест на олимписките игри го подигнала фирмата АрчелорМитал да биде прогласена за „споменик на прогонството“.

Имено фирмата управува со рудници за железна руда на местото каде што за време на војната помеѓу Србија, Босна и Херцеговина и Хрварска се наоѓал логорот Омарски каде што биле заробени, малтретирани и убиени илјадници Хрвати и Бошњаци од  Приједор.

„АрчелорМитал во Лондон гради кула со руда од Омарска. Во таа земја можеби се уште има коски од луге. Токму со тоа се фрла крвава сенка на Лондон и Обединетото кралство но и на Олимписките игри“ изјавил Сатко Мујагиќ претставник на организацијата „Чувари на Омарска“.

Оваа група повикала претставници на „АрчелорМитал“ на разговор за да се договорат што ќе преземат за да се тргне таа сенка над претстојните олимписки игри. Властите на босанските срби го изградија логорот Омаркса во 1992 година. Според различни податоци, таму биле затворени над 3 илјади луѓе од кои 900 биле егзекутирани.  Според групата, голем дел од луѓето кои биле убивани во логорот биле фрлани во рудникот за да се прикријат доказите за злосторството.

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1