Жена болна од рак пие мајчино млеко – верува дека тоа ја спасило


Жената која секој ден пиеше чаша мајчино млеко, од денот кога ракот и бил дијагностициран, верува дека токму тоа и го спасило животот.

Jenny Jones дневно пиела по 400ml мајчино млеко од анонимни донори кој ги наоѓала преку интернет. Пред 7 месеци и бил дијагностициран рак на коските – multiple myeloma.

Докажано е дека мајчиното млеко помага во подобрување на имунитетот кај новороденчињата како природен извор кој неможе да се надомести со ниту една друга храна.

Докторите не и препорачале да го пие млекото, но секако ја поддржале. Докторот John Flynn од приватната болница во Брисбен и дал најголема поддршка.

62 годишната г-ѓа Џонс по 7 месеци третман со мајчино млеко добила значително намалени ниво на присуство на ракот во организмот и тоа било видливо уште првиот месец откако почнала да го пие млекото.

Во меѓувреме таа била подложна и на стандардните третмани за рак. Користела орална хемотерапија.

Онкологот Steven Stylian вели тешко е да се тврди кој третман всушност вродил со плод кај Џонс, но вели не би ја исклучил можноста токму мајчиното млеко да е заслужно.

,, Никогаш порано не сум го ниту вкусила мајчиното млеко, но сега го пијам на екс бидејќи навистина верувам во него,, вели г-гја Џонс.

Во истражување во 2010  во Шведска научниците објавија дека имаат докази дека мајчиното млеко ги убива ќелиите на ракот.

-г-ѓа Џонс сега е во мисија да му каже на светот за својата приказна и да им помогне на сите кој се соочуваат со оваа болест.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1