Нападната руската амбасада во Дамаск


Две минофрлачки гранати денеска ја погодија Руската амбасада во главниот град на Сирија, Дамаск. Во инцидентот нема повредени лица, причинета е само материјална штета, изјави портпаролката на Амбасадата, Азија Туричијева.

Таа посочи декаАмбасадата била гранатирана за време на паузата за ручек и затоа нема повредени лица. ­

Damask-mapa

– Две минофрлачки гранати паднаа на територијата на Амбасадата, едната падна во непосредна близина на главниот влез, додека другата ја погоди управната зграда, посочи Туричијева.

Сириските власти веднаш реагираа и ветија дека ќе преземат неопходни мерки за безбедноста во Амбасадата.

Руската амбасада во Дамаск последен пат беше нападната во јануари, кога граната го погоди покривот на зградата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1