Нападнати две лица во „Жена парк“ во Скопје – се обидел да ги повреди со нож


46 годишниот С.С. вчера бил нападнат без никаков повод и причина.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAСпоред информациите на полицијата, инцидентот се случил во скопскиот „Жена парк“ додека С.С. си седел на клупа со негова пријателка.

Инцидентот се случил вчера. С. С. (46) од селото Бујковци пријавил дека во Паркот на жената-борец, додека седел на клупите со неговата пријателка во еден момент им се приближило едно лице, при што истиот без повод и причина започнал да ги навредува со погрдни зборови, по што во еден момент од појасот извадил нож на расклопување и со истиот се обидел да ги повреди.

По преземени мерки приведено е лицето Ф. А. (54) од селото Кондово, скопско. Истиот при приведувањето пружал активен отпор и ја загрозувал безбедноста со опасно орудие, при што употребено е средство за присилба физичка сила при неговото приведување.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1