Направена листа – најпознати луѓе од Балканот – Од Македонија 12 на број


Од Македонија (12 личности) според листата најпознати се римскиот император Јустинијан, Мајка Тереза и Птоломеј Први Сотер, генерал на Александар Македонски.

EX JUGOSLAVIJAБостонскиот институт Масачусетс состави список од 11.000 личности кои оставиле трага во историјата на просторот на поранешна Југославија и на него се воглавно владетели и спортисти.

Бостонскиот институт за технологија користел два критериума за правење на листата.

Цезар Хидалго, творец на проектот Пантеон, се потпирал на територијата во која познатите личности се родени за да ги поврзе за одредена современа држава.

Хидалго собрал листа од сите лица чие име се појавува на Википедија на најмалку 25 јазици.
Тој во истражувањето користел огромна временска рамка од 4.000 години пред нашата ера до 2010 година.

nikola teslaПоради поврзување за територија, а не за националност, листите во некои случаи делуваат чудно.

Така, Србија има убедливо најмногу светски познати личности во рамки на поранешна Југославија – 62.

Но, меѓу првите 20 дури 14 се римски императори, а научници и уметници има занемарливо малку.

s_majkateraza

Најпознатиот српски научник Никола Тесла се наоѓа на хрватската листа, бидејќи е роден на нејзина територија.

Најпознат Црногорец во светот е Стефан Немања, а на српската листа меѓу останатите е и претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ.

Од Македонија (12 личности) според таа листа најпознати се римскиот император Јустинијан, Мајка Тереза и Птоломеј Први Сотер, генерал на Александар Македонски.

Од Словенија има 15 личности – најпознат е хемичарот Фриц Прегл и филозофот Славој Жижек.

Од БиХ – 27 личности, најпознати се Гаврило Принцип, Иво Андриќ и Емир Кустурица. Хрватска (50 личности) – најпознат е римскиот император Диоклецијан, следуваат Никола Тесла, Јосип Броз Тито…

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1