Направете сами: Средство за чистење без ниту една штетна состојка


Во последните десетина години екологијата зазема се поголем замав во секојдневниот животен стил, па побарувачката на нетоксични производи е се поголема. Во согласност со ова, барачката на производи изработени од природни материјали постојано расте. Еден пример за ова се и средствата за чистење кои верувале или не, можете да ги направите и самите.

60876264-pod-ciscenje-650x325Состојки:

– 1 чаша вода
– 1 чаша оцет
– 1 чаша алкохол
– 2 до 3 капки детергент миење садови
– 5 капки етерично масло од лаванда
– 5 капки етерично масло од портокал
– 3 капки масло од чајно дрво
– Шише со спреј

Упатство:

1. Во боцата додадете ги состојките и добро протресете ја неколку минути за сите добро да се измешаат. Пред користењето на ова средство за чистење, подовите поминете ги со правосмукалка или барем прометете ја површината која сакате темелно да ја исчистите.

2. Потоа, испрскајте со природното средство за чистење на подот, како и на остнатите површини кои сакате да ги исчистите. На крајот се добро избришете со микрофибер крпа.

3. Доколку ви е полесно чистењето со крпа и кофа, направете мали промени во некои количини од состојките. На пример, наместо една, употербете половина чаша оцет и додадете 1/3 чаша алкохол и четири литри вода.

365

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1