Загинати и исчезнати во бура на Родос


DowntownДве жени се загинати, а еден маж се води како исчезнат во поројните дождови на грчкиот остров Родос, соопшија грчките власти. Бурата доцна синоќа предизвикала поплави, а стотици луѓе биле заробени во своите автомобили.

Се уште неидентификувана жена беше најдена мртва доцна синоќа, а 27-годишна учителка беше најдена мртва денеска претпладне. Хеликоптер и спасувачка екипа од десет лица се испратени на Родос за да го откријат исчезнатиот 53-годишен маж. Дождот и денеска продолжи да паѓа. Островот не доживеал ваква природна стихија уште од 1985 година, изјавиле локалните власти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1