Направете сами здрав мајонез кој не дебелее


Многумина не можат да замислат сендвич, помфрит или салата без мајонез, иако овој прелив се смета за нездрав производ.

Доколку го прочитате составот на мајонезот кој го купувате, ќе видите дека содржи многу конзерванси и состојки за кои никогаш не сте слушнале. Но мајонезот може да биде и здрав, доколку сами го подготвите дома, и тоа без јајца, без глутен, без нездрави масла и шеќери. Еве како:

majonez-gПотребни состојки:

1 лажица мелено ленено семе
3 лажици вода
0,5 до 1,5 мали шољи масло (маслиново, кокосово, палмино или некое друго здраво масло)
Оцет (вински или јаболков) и сок од лимон
Засладувач (мед или некој друг здрав засладувач)
Сол, сенф, лук во прав – по желба

Подготовка:

Меленото ленено семе помешајте го со водата и загревајте со постојано мешање додека смесата не се згусне. Оставете да се олади на собна температура.

Мешавината ставете ја во блендер, додајте лажица масло и миксајте 15 до 20 секунди. Додајте уште една лажица масло и повторно миксајте. Постапката повторувајте ја додека не добиете структура на вистински мајонез. После четвратат лажица масло, мајонезот ќе почне да станува бел и кремаст. Додајте мешавина од лимонов сок и оцет (по желба), измиксајте, па ако е потребно додајте уште масло.

Додајте ги зачините – солта, засладувачот, сенфот и лукот, но постојано пробувајте за да не претерате со состојките.

Izvor – TOCKA.COM,MK 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1