Потребно
- 300г икри (зависно од тоа колку ќе ве почасти некоја рипка при чистење)
- 2 кромид (ситно рендан)
- 2 лажици сенф
- целер (листови)
- бибер
- природна сол
- маслиново масло
Подготовка
1. Икрите се варат 5-10 минути, се ослободуваат од опната и претпазливо се процедуваат.
2. Се ладат, а потоа со сите останати состојки се блендираат.
3. Масло и малку вода се додава додека не се добие хомогена смеса.