Состојки
- 1 шолја шеќер
- ¼ шолја вода
- ¾ хопла
- 3 ½ лажици путер
- 1 лажица морска сол
Начин на подготовка
Во длабока тава ставете ги шеќерот и водата, и гответе на среден оган се додека шеќерот не се растопи. Зголемете ја температурата додека растопениот шеќер не зоврие. Кога сирупот ќе добие златна боја тргнете го од оган и внимателно додавајте ја хоплата со постојано мешање. На крај додадете ги солта и путерот. Ставете ја карамелата во тегла и оставете ја теглата отворена додека сосот не се олади. Вака подготвената карамела можете да ја чувате во фрижидер до 2 седмици. Пред сервирање повторно загрејте го сосот.
Доколку сакате, можете да ја изоставите солта, бидејќи таа не е една од виталните состојки за правење на овој сос. По желба можете да додадете малку екстракт од ванила.