Фабриката за оружје Обрум и БАЕ од Полска го представија “невидливиот” тенк кој може да направи промена на неговата форма со помош на напредната “паметна” технологија. PL0-01 е прототип со тричлен екипаж тежи кој тежи 35 тони и е долг седум метри.
Со посебен распоред на “изладените и паметни” панели, тенкот може да има различни форми, како на пример автомобил.
Со прилагодување на термичките карактеристики на својата околина, тенкот може потполно да им исчезне на топлотните сензори кои се користат на фронтовите. Се предвидува дека ќе биде пуштен во употреба во 2018. година.