Направила пластична операција на лице – веднаш по операцијата гола скокнала од 15 кат


Британската дизајнерка на накит, Сандра Д Орилов, се убила скокајќи од зграда, само неколку часа по операцијата за затегнување на лицето, кај познатиот естетски хирург Д-р Брајан Новак, омилен меѓу глумците од холивудската А листа

gola vo smrtБританската џет-сетерка Сандра Д Орилов (53), скокнала од 15-ти кат на клиниката на Беверли Хилс, само неколку часа по естетскиот зафат. Нејзиното тело било пронајдено голо покрај една зграда на Беверли Хилс. Непосредно пред трагедијата таа извршила затегнување на лицето.

Со истрагата сега треба да се констатира, дали на тој очајнички чекор се одлучила поради лошата реакција на анестетикот. Таа имено, по зафатот се разбудила од анестезија „вознемирена и агресивна“. Ја соблекла облеката од себе, и се качила на кровот на зградата.

-Седна на работ, мафтајќи со нозете над амбисот. Потоа стана, одејќи по работ како по затегнато јаже. Полицијата, три часа се обидуваше да ја одврати од намерата да скокне- рече еден очевидец.

Полицијата сметала дека се работи за самоубиство и не го откриваше идентитетот на жртвата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1