Направиле 3Д уво – слуша милион пати повеќе од човечкото уво (Видео)


Научниците од Универзитетот Princeton дизајнираа бионичко уво, изум што може да слуша подобро и од човечкото уво. И слушнете го ова, беше испечатено со 3Д печатач, во ова печатено уво е вградена електроника. Научниците користеа за основата на увото, 3Д печатени ќелии и наночестички, а потоа комбинираа со мала антена од камел со рскавица.

Princeton-Bionic-Ear-300x168Резултатот беше целосно функционален орган што може да чуе и радио фреквенции милион пати поинтензивни од она што би го чуле нашите човечки уши, објаснил главниот научник, Мишел МекАлпин за Mashable.

-Начинот на кој слушаат нашите уши е што ние собираме акустични сигнали,а потоа ги конвертираме нив во електрични сигнали што одат до нашиот мозок, истакна МекАлпин, кој исто така е и асистент професор на механичко и воздушно инженерство на Princeton.

Она што прави ова уво е што има електронски калем кој ги апсорбира директно електронските сигнали.
Овој проект користеше 3Д печатач од 1000 долари за печатење на ќелиите со електрониката. Погледнете го видеото и ќе ви биде појасно. Креирањето на ова бионичко уво не е наменето за лицата со нарушен слух или за оние кои го немаат овој орган, туку на нормалниот човек да му даде суперсила.

SocialNet

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1