Наредил петарди како бомбаш-самоубиец – детали од инцидентот пред судот за време на процесот за Диво Насеље


57-годишниот маж најпрвин се шетал околу Врховниот суд, дофрлајќи им на снимателите од новинарските екипи да си заминат. Тој цело време ја држел десната рака во џеб и така се втурнал кон полицајците.

Еден од полицајците успеал да му ја извади раката од џеб и да забележи дека тој држи мобилен телефон, по што веднаш му го одзел и го фрлил во најблиската жардињера. Лицето било успешно совладано и однесено во полициско комбе.

Станува збор за 57-годишен жител на Арачиново. Полицајците бргу го совладаа со што утврдиле дека појасот кој го носел бил направен како експлозивен, но во него немало прачки експлозив туку големи петарди поврзани со жица, покажала проверката на полицијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1