Народната Банка почнува со печатење на првите пластични пари во Македонија – 10 и 50 денари


Банкнотите од 10 и 50 денари ќе бидат пластични. Народната банка почнува со печатење на првите вакви пари во Македонија.

Ако се оди според планираното, новите пластични пари до крајот на годнава ќе бидат пуштени во оптек. Тестовите покажале дека ваквите пари се деформираат на 120 степени целзиусови. Тоа значи дека тие нема да бидат оштетени ако се се стават во машина за перење, почисти се и потешки за фалсификување.

НБРМ веќе го објави огласот за доделување на договорот за јавна набавка на книжни пари изработени од полимер. Вкупната вредност на договорот е 2 милиони евра. Критериум за добивање е најниската цена.

Претходно пак книжните 10 и 50 денарки , НБРМ одлучи да ги замени со ковани пари поради што од 2013 година повеќе не се печатеа книжни банкноти од овие апоени.

-Ваквата замена беше единствена. Тие беа најупотребувани во платниот промет поради што најбрзо се уништуваа. За да се намалат трошоците за нивното често печатење, се заменија со ковани. Замената според анализите се покажа како исплатлива зошто кованите пари имаат подолг рок на траење, од книжните. Но на пазарот ситуацијата беше поинаква. Кованите пари исчезнуваа, не се враќаа во оптек зошто граѓаните немаат однос кон нив како кон книжните банкноти и често ги губат, велат од НБРМ.

Од тие причини НБРМ одлучи да почне да печати пластични банктноти.

Вакви пари има во повеќе земји. Во 2016 година пластична банкнота од 5 фунти воведе Велика Британија, во Kанада се користат цели две децении.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1