Уапсен „радикализиран“ маж кој го снимал стадионот во Ајндховен


Холандски државјанин, кој им бил познат на властите во земјата како лице за кое се претпоставува дека е „радикализиран“, е уапсен синоќа откако бил забележан како го снима просторот пред „Филипс стадионот“ во Ајндховен, еден од најголемите во Холандија, додека на него се одржувал концерт.Дваесет и девет годишниот маж бил успасен додека на стадионот настапувал популарниот холандски поп пејач Гус Мејувис.

– Полицајците забележале маж кој доцна синоќа сомнително се однесувал на еден од влезовите на стадионот. Тој снимал и немал објаснување зошто го прави тоа, а исто така немал ниту карта за концертот, соопшти холандската полиција.

Апсењето се случи само неколку недели откако бомбаш-самоубиец уби 22 лица на крајот од концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1