НАСА уште од 2004 година на еден од своите сателити има поставено уред кој може да детектира азот диоксид од вселената.
Азот диоксидот се добива како резултат на согорување на фосилни горива (јаглен, нафта, бензин итн.) кои ја загадуваат животната средина и воздухот, и е одличен показател кој овозможува мониторинг и мапирање на најзагадените места како и лоцирање на најголемите загадувачи.
НАСА уште лани објави мапи со податоците од овој сателит и многу интересно е тоа што точно се гледа како мерките за воведување поригорозни контроли и стандарди во Европа и САД во последниве десетина години вродуваат со плод и се прати очигледно намалување на емисиите, до 50% во Европа и од 20 до 50% во САД.
Меѓутоа состојбата е далеку од добра бидејќи Европа заедно со САД и Кина се’ уште се најголемите загадувачи.
Погледнете го видеото и многу работи ќе ви станат појасни
Enauka.mk