НАСА: Дознајте кој го загадува воздухот на планетата (Видео)


НАСА уште од 2004 година на еден од своите сателити има поставено уред кој може да детектира азот диоксид од вселената.mapa2-640x259

Азот диоксидот се добива како резултат на согорување на фосилни горива (јаглен, нафта, бензин итн.) кои ја загадуваат животната средина и воздухот, и е одличен показател кој овозможува мониторинг и мапирање на најзагадените места како и лоцирање на најголемите загадувачи.

НАСА уште лани објави мапи со податоците од овој сателит и многу интересно е тоа што точно се гледа како мерките за воведување поригорозни контроли и стандарди во Европа и САД во последниве десетина години вродуваат со плод и се прати очигледно намалување на емисиите, до 50% во Европа и од 20 до 50% во САД.

Меѓутоа состојбата е далеку од добра бидејќи Европа заедно со САД и Кина се’ уште се најголемите загадувачи.

Погледнете го видеото и многу работи ќе ви станат појасни

Enauka.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1