ВИДЕО: РАДИО ВОДИТЕЛ СЕ ЗАКЛУЧИЛ ВО СТУДИО – 24 пати по ред пуштал една песна


Водител во една радио станица во Австрија се заклучил во радиското студио и во пресрет на католичкиот Божик, 24 пати по ред ја пуштил песната на култната британска група од 80-те години на минатиот век „Уем“ – „Last Christmas“ („Минатиот Божик“)voditelnovagod-540x320

За време на збрката што настанала додека колегите го убедувале водителот да се откаже од оваа налудничава идеја, во радиото Антене Карантен се јавила и неговата мала ќерка, која го преколнувала својот татко да престане со „маратонот, бидејќи песната сите ги излудува“.

Програмскиот директор на радиото Тим Боднер изјави дека 27-годишниот водител на овој начин сакал да направи „предбожиќна шега“.

– Иако сето ова беше смешно, сепак мора да има некои граници и да се сносат последици за ваквото однесување, изјави Боднер, додавајќи дека за казна на водителот ќе се разговара по празниците.

Песната „Last Christmas“ е од 1984 години и досега во форма на сингл е продадена во 1,77 милиони примероци, што ја прави најпродавна нумера во британската музичка историја. Интересно, е што песната никогаш не се најде на првото место на официјаланта британска топ листа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1