НАСА призна: Некој или нешто го оштети нашето летало, добивме порака на непознат јазик!


Вселенската сонда „Војаџер“ 2 во текот на својот пат, некое време испраќала податоци на потполно неразбирлив јазик.

НАСА ни после шест години не ја знае точната причина за тоа, но сигурни се дека тоа не е случајно.

„Војаџер 2“ е првото летало кое го напушти Сончевиот систем. Тоа се случи во 2010 година и токму во моментот кога влегувала во меѓуѕвездениот простор, почнала чудно да се однесува.nasa-640x432

„На оддалеченост од околу 15 милијарди километри од Земјата, сондата одеднаш почна да испраќа податоци на непознат јазик“ – изјави планетологот на НАСА, Кевин Бејнс, а пренесува „physics-astronomy.com“.

„Нешто или некој го променил комуникацискиот систем на вселенската сонда Војаџер 2“, додаде Бејнс.

„При проверката на другиот систем, тимот на Војаџер не пронашол никаков дефект. Само еден систем бил изменет“ – истакнува Бејнс, а со подоцнежната анализа било утврдено дека една компонента во бинарниот код на командниот систем е променета од 0 на 1. Таквата промена на едниот бит покажува дека некој намерно го менувал компјутерот на Војаџер.

Тоа го користат главно хакерите, но тоа може целосно да го угаси компјутерот или да ги уништи податоците. Овде е оштетен само еден систем.

Истражувачите на НАСА во прв момент мислеле дека некој го “хакирал“ леталото од Земјата, но поради големата оддалеченост тоа е невозможно.
На експертите на НАСА, кои располагаат со најдобрата технологија како и со сите кодови им биле потребно три недели за да ја исправат оваа грешка.

Меѓутоа вистинската причина за оваа аномалија не е откриена. За германскиот научник Хартвиг Хаусдорф нема сомнеж – виновни се вонземјаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1