Нашле дете бегалец кое само лутало во пустината (Фото)


Членови на тим на УНХЦР пронашле четиригодишно дете бегалец од војната во Сирија како само пешачело среде пустина.
dete begalec2Детето е вратено на родителите кои успеале да побегнат во Јордан, соопшти УНХЦР. Детето со име Марвин некако се одвоило од мајка си додека семејството бегало од Сирија.
Било забележано од членови на тим на УНХЦР како оди само низ пустина со само една пластична кеса во рацета.
Марвин е само едно од милион деца кои мораа да ја напуштат Сирија за да побегнат од ужасите на војната. Досега од Сирија побегнаа повеќе од два милиона луѓе, додаваат од ОН.
dete begalec
dete begalec2
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1