Оваа информација ја потврдија и самите дистрибутери на овој сируп.
-Овие сирупи се повлечени од продажба откако се откриени полиуретански честички во опремата за пакување, за кои не може со сигурност да се потврди дека не го контаминирале производот – рекле од компанијата АМИЦУС.
Како што објаснуваат, сирупот е повлечен од продажба откако во фабриката е забележана неправилност, а и во анализите не е пронајден контаминираниот лек. Ова наведува дека не се забележани ниту несакани реакции кај децата кои го користеле лекот.
Од продажба се повлечени серија лекови кои имаат рок на употреба заклучно со октомври 2018 година, а голем дел од таа серија се наоѓа на српскиот пазар веќе од 2013 година.
Моментално, во аптеките во Србија не можете да го најдете овој сируп, а родителите кои се уште го имаат лекот дома, треба веднаш да го фрлат и уништат.
-Очекувајте овој сируп за деца повторно да се појави во аптеките кога ќе се произведе нов контигент, бидејќи непривалностите на погонот за пакување веќе се отстранети и фабриката започнува со производство – рекле од компанијата.
Инаку овој истиот сируп се продава и во Македонија. Читателка на MKnews ни се обрати загрижена дека во моментов таа дома има од овој сируп и тоа од серијата која е повлечена и прашува што да прави дали да го фрли или пак сирупот во македонија е безбеден. Никој од нашите институции до сега не се огласи. Родителите се во паника
Повеќе информации кои броеви и серии се повлечени на следниот линк
Сирупот за деца Ефералган е повлечен од продажба