Нашол новчаник на студент, празен – ставил пари внатре и му го вратил


Според пишувањето на Хафингтон пост, средношколецот од Флорида, Кристијан Рејес, го загубил паричникот на бејзбол стадион во Мајами, во текот на натпреварот на Марлинс и Рокис.

novcanikПронаоѓачот го нашол сопственикот на основа на студентската пропусница која се наоѓала во него.

Паричникот го однел во училиштето на Кристијан и го оставил на вратарот, но пред тоа додал банкнота од 20 долари и порака.

-Го најдов ова синоќа на натпревар. Сакав лично да се уверам дека ќе ви биде вратен. Додадов 20 долари за да знаете дека е убаво да се живее на овој свет. Направете ми услуга: кога ќе ви се укаже прилика, направете добро дело за некој друг. Се надевам дека уживавте во натпреварот. Напред Мерлинс, напишал пронаоѓачот во пораката, а Рејес се заколнал дека ќе го послуша неговиот совет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1