Насилниците од Штип добија по две и пол години казна затвор


Насилниците од Штип кои тепаа девојче добија казна затвор од две години и шест месеци. Пресудата е изречена откако двајцата насилници ја признаа вината на претходното рочиште.

Правната разрешница на насилството кое се случило во јануари доаѓа откако на социјалните мрежи на 2 април беше објавена снимка од тепањето на девојката, која ја направиле двајцата штипјани кои сега се осудени.

Тие беа гонети за кривично дело „насилство“, а казната за ваквите дела е од шест месеци до пет години затвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1