Германија оваа година прифати околу милион бегалци и мигранти. Истовремено нарасна и процентот на насилство, скоро исклучиво во центрите за регистрација, каде тензиите се засилени последните неколку недели. Сексуалното злоставување во прифатните центри во германија станаа „секодневница“ а само во една сојузна држава регистрирани се дури 100 случаи на сексуално насилство во последните три месеци, пренесува британскиот „Дејли меил“.
Во градот Кицинген, во миграцискиот центар се вработуваат само машки чистачи откако е откриен случај на сексуално злоставување врз хигиеничарката, што траело десет дена по ред. Двајца мигранти од 38 и 52 години се уапсени заради тоа. Од тогаш и другите службеници постојано ќе бидат следени од обезбедувањето.
Член на градските власти Тамара Бишоп била многу вознемирена заради случувањето.
„Како жена, тоа што се случувало таму, длабоко ме загрижува- вели таа.
Во сојузната држава Баден-Вуртемберг пријавени се шест случаи на силувања во бегалските кампови, а локалната организација за правата на жената тврди дека жеинте- мигрантки се нудат како проститутки за 10 евра. Во меѓувреме изби масовна тепачка меѓу албанските и авганистанските бегалци а во насилството беа користени ножеви, а се додава дека еден од нив имал и пиштол. Локалниот полициски службеник Раинер Венд вели дека политичарите неточно ги пренесуваат причините за нередите меѓу мигрантите.
„Тоа не е кавга заради храна и облека. Никој не може да разбере што навистина тука се случува. Секако, министрите за внатрешни работи не може да ја знаат вистинската ситуација со која полицијата се справува на терен- објаснува полицаецот.