Насилството меѓу децата и кај второоделенците


Околу 30 претставки за булинг стигнале на адресата на правобранителот, но според неговата заменичка Васка Бајрамовска- Мустафа, овој број не ја отсликува реалната ситуација, затоа што претставките до нив доаѓаат во краен случај, односно кога булингот преминува во физичко насилство, а психичкото малтретирање, децата најчесто го пријавуваат кај класните раководители.

Податоците покажуваат дека насилството меѓу врсниците се користи како средство за покажување моќ од страна на децата, додека жртви се послабите деца или оние кои се поповлечени и оние кои потекнуваат од сиромашни семејства. Не се поштедени ниту децата со попреченост, а насилството е застапено дури и кај децата од второ и трето одделение. Народниот правобранител бара соработка меѓу институциите за да се подобри состојбата.

Со поддршка на проектот на ЕУ за владеење на правото, Народниот правобранител започна кампања за подигање на свеста, промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство од врсници. Дел од децата кои се вклучени во кампањата и лично се соочиле со врсничко насилство, како сведоци, некои се охрабриле и да помогнат.

Последен случај на врсничко насилство се случи пред неколку дена кога петнаесетгодишник во два наврати со нож прободел негови врсници. Скопското јавно обвинителство за него бара притвор.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1