Направен е прототип на велосипед кој може да ја напојува вашата куќа за период од 24 часа. Доволно е да вежбате на него еден час дневно и да уживате во полезноста на бесплатната енергија која ќе ги напојува сите уреди во вашиот дом.
Овој изум се вика електричен хибриден велосипед и произведува бесплатна електрична енергија. Го произвел тим од луѓе кои ги собрал и финансирал Маној Бхаргава, милијардер кој се заколнал дека 90 отсто од своето богатство ќе го потроши за истражување и хуманитарни организации.
Велосипедот има потенцијал да им помогне на 1,3 милијарди луѓе што ден денес во 21 век немаат електрична енергија. Маној планира да донира 10 000 вакви велосипеди во Индија в година.Овој фантастичен изум ќе ги реши сите проблеми на современото општество – снабдување со електрична енергија, финансиите кои се потребни за електричната енергија и ќе ги натера луѓето да се придвижат и вежбаат секојдневно, а при тоа да прават нешто корисно. Погледнете како изгледа овој неверојатен изум.