Според најновата годишна листа за најбогатите луѓе во Велика Британија која ја прави списанието „Сандеј Тајмс“, Индија Роуз Џејмс (21), внука на порно магнатот Пол Рејмонд, со своите 329 милиони фунти е побогата од англиската кралица.
21. годишната Индија, воедно е и најмладата на престижната листа на богаташи, меѓутоа се претпоставува дека империјата на Пол Рејмонд ќе се „сруши“ во рацете на разузданата милионерка, која заедно со нејзината сестра Фон, има екстравагантен живот за кој обожава да се фали на друштвените мрежи.
Индија и нејзината сестра Фон, после смртта на нивниот дедо во 2008 година, наследиле 80 отсто од неговата империја, поточно 329 милиони фунти(околу 384 милиони евра). На листата за најбогати се на 265 место, додека англиската кралица се наоѓа на 268 место со 320 милиони фунти.
Новата „принцеза на Сохо“ обожава на својот Твитер профил да објавува фотографии од луксузниот ноќен живот во многу градови ширум светот. Гордата наследничка еднаш напиша:
-На кровот сум во центарот на Сохо, од висина ги гледам малите луѓе.
Пол Рејмонд својата империја започна да ја создава кога за првпат отвори топлес клуб во Британија и почнал да објавува многубројни успешни списанија за возрасни. Во текот на кариерата, тој купи речиси две третини од имотот во Сохо, за кој се проценува дека вреди околу 650 милиони фунти.